Екипата од НХЛ лигата, Сан Хозе, го обезбеди напаѓачот Рајан Донато од Минесота откако го отстапи правото за избор во третата рунда на драфтот во 2021-та.
24-годишниот хокеар во претходната сезона постигна 14 голови и собра вкупно 23 поени на 62 одиграни меча.
Донато се активираше во НХЛ лигата во 2014 година кога беше купен од Бостон во втората рунда на драфтот.