Џошуа Чептеги од Уганда и Летесенберт Гидеј од Етиопија поставија нови светски рекорди на атлетскиот митинг во Валенсија.
Чептеги е нов светски рекордер на патеката од 10.000 метри со време од 26 минути 11секунди и 2 стотинки. Тој успеа за шест секунди да го собори претходниот рекорд на Кенениса Бекеле од Етиопија поставен во 2005 година.
„Многу сум среќен што имав можност да урнам светски рекорд. Моментно сум во извонредна форма а рекордот на Кененеиса на 10.000 метри беше еден од најтешките за уривање“ – изјави Чептеги.

