Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Толку од соработката на ППД Загреб и Игор Вори
    Ракомет

    Толку од соработката на ППД Загреб и Игор Вори

    risteBy riste09/10/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Хрватскиот ракометен шампион ППД Загреб е веќе во потрага по нов тренер, откако денес на својата официјална интернет страница информираа дека ја раскинале соработката со досегашниот тренер Игор Вори.

    Вори седна на клупата на ППД Загреб со големи амбиции, да го вратат клубот на старите патеки, но издржа само пет официјални натпревари, на кои тимот запиша исто толку порази.

    „По консултациите и разговорите кои се одржаа во тековната недела, управата на клубот и Игор Вори дојдоа до заеднички заклучок дека е потребно да се направат промени, со цел тимот да се подготви соодветно за претстојните натпревари, особено за оние од кои се очекуваат бодови. Управата и вработените во клубот му се заблагодаруваат на Вори за соработката и професионалниот однос во овие четири месеци заедничка работа“, oбјавија од ППД Загреб.

    Вори го замени на клупата во ППД Загреб, Веселин Вујовиќ, а во својот краток престој на чело на хрватскиот шампион имаше два порази во завршницата од СЕХА лигата и три во Лигата на шампионите. Во сезоната која не е почната во СЕХА лигата, ППД Загреб треба да биде во група заедно со Еурофарм Пелистер.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.