Со победата остварена на патеката Нирбургринг, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја продолжува доминацијата оваа сезона во Формула 1 шампионатот.
Луис Хамилтон стартуваше како втор, веднаш зад неговиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас, а откако Ботас не можеше да ја заврши трката, Хамилтон го презеде водството и не го испушти до самиот крај и стигна до својата 91 победа во кариерата. Место на подиумот имаше и за Макс Верстапен, кој со својот Ред Бул заврши на второто место, додека Даниел Рикардо во Рено беше трет и со тоа за првпат со овој тим се избори за место на подиумот.
Денешниот триумф на Луис Хамилтон е историски, затоа што со оваа 91-ва победа во неговата кариера, го израмни рекордот на легендарниот Михаел Шумахер, кога во прашање се победите во Формула 1 шампионатите.

