Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер конечно на терен, вечерва гостува кај ГОГ Гудме
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер конечно на терен, вечерва гостува кај ГОГ Гудме

    risteBy riste27/10/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Екипата на Еурофарм Пелистер е последниот наш преставник во ракометните евро купови која треба да ги започне своите настапи на меѓународна сцена.

    Вардар во Лигата на шампионите и Металург во Европската лига веќе ги имаа првите свои настапи, а Еурофарм Пелистер по долга пауза се враќа на теренот за да одигра официјален натпревар. Избраниците на тренерот Бабиќ долго се без официјален меч, по дури 258 дена вечерва ќе излезат на терен и ќе играат официјален меч, а оваа голема пауза ја искористија за добра подготовка,но и за анализа на противникот. Атмосферата во Еурофарм Пелистер е одлична, конкуренцијата никогаш посилна, па дури и тројца репрезентативци на своите земји мораа да останат во Битола заради големата конкуренција и тактичкиот избор на хрватскиот стручњак.

    ГОГ Гудме има многу поголеми проблеми со повредите, па дури и заморот. Но, во овој период на корона-криза многу подобро е да се игра, па дури и малку повеќе, отколку да се тренира и да се чека „зелено светло“ од Европската ракометна централа (ЕХФ) за тоа дали ќе можете да го одиграте вашиот натпревар. Ммакедонскиот вицешампион во Данска ќе се соочи и со гледачи на трибините, нешто што не се случило од натпреварот во февруари против Нексе во СЕХА лигата 2019/20. Екипата на Еурофам Пелистер претпладнево го одржа единствениот тренинг за да го почувствува теренот во салата каде вечерва треба да настапат.

    Останува да видиме дали оваа пауза и долг период за подготовка на екипата за тактика против ГОГ Гудме ќе биде добра за Еурофарм Пелистер или неиграњето на натпревари ќе се почувствува во самата игра. Натпреварот меѓу ГОГ Гудме и Еурофарм Пелистер се игра вечерва од 18.45 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.