Со натпреварите меѓу ФМП Академија и Гостивар , односно ТФТ и Куманово во кои славеа екипите на ФМП Академија и Куманово вчера стартуваше новиот шампионат на Македонија во кошарка.
Со целосно почитување на државните протоколи кои треба да го заштитат здравјето на сите поединци вклучени во кошаркарскиoт спорт, вчера и официјално почна новата сезона во Првата лига.
По 29-ти пат во историјата, стартуваше шампионатот на Македонија во кошарка,кој за првпат ќе се игра во специфични околности поради пандемијата која ја предивика коронавирусот. Во првото од македонското првенство ќе се игра и големо дерби во кое Работнички ќе го пречека вечниот ривал МЗТ Скопје со почеток од 18:00 часот, а средбата ќе се игра во салата „Градски Парк“.
По неколку одложувања КФСМ даде „зелено светло“ за почеток на новата сезона. Пред вечерашното дерби,екипата на МЗТ Скопје влегува какофаворит пред се поради тоа што на последните пет меѓусебни дуели, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов победија на сите средби со тимот на Работнички.
Работнички има само две победи на последните десет соочувања со МЗТ Скопје, последен пат тимот од „Градски Парк“ го има победено МЗТ Скопје на 22.мај 2019 година со 88:84, за потоа да следува серијата од пет последователни победи на тимот од Аеродром. Иако е ова натпревар од првото коло, сепак исходот на овој натпревар ќе даде слика како би се одвивала новата сезона.

