Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»„Вечно дерби“ уште на стартот, Работнички го пречекува МЗТ Скопје
    Кошарка

    „Вечно дерби“ уште на стартот, Работнички го пречекува МЗТ Скопје

    risteBy riste01/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со натпреварите меѓу ФМП Академија и Гостивар , односно ТФТ и Куманово во кои славеа екипите на ФМП Академија и Куманово вчера стартуваше новиот шампионат на Македонија во кошарка.

    Со целосно почитување на државните протоколи кои треба да го заштитат здравјето на сите поединци вклучени во кошаркарскиoт спорт, вчера и официјално почна новата сезона во Првата лига.

    По 29-ти пат во историјата, стартуваше шампионатот на Македонија во кошарка,кој за првпат ќе се игра во специфични околности поради пандемијата која ја предивика коронавирусот. Во првото од македонското првенство ќе се игра и големо дерби во кое Работнички ќе го пречека вечниот ривал МЗТ Скопје со почеток од 18:00 часот, а средбата ќе се игра во салата „Градски Парк“.

    По неколку одложувања КФСМ даде „зелено светло“ за почеток на новата сезона. Пред вечерашното дерби,екипата на МЗТ Скопје влегува какофаворит пред се поради тоа што на последните пет меѓусебни дуели, избраниците на тренерот Ѓорѓи Кочов победија на сите средби со тимот на Работнички.

    Работнички има само две победи на последните десет соочувања со МЗТ Скопје, последен пат тимот од „Градски Парк“ го има победено МЗТ Скопје на 22.мај 2019 година со 88:84, за потоа да следува серијата од пет последователни победи на тимот од Аеродром. Иако е ова натпревар од првото коло, сепак исходот на овој натпревар ќе даде слика како би се одвивала новата сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.