Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Меѓународен микс»Хамилтон и Ботас му донесоа 7-ма титула на Мерцедес
    Меѓународен микс

    Хамилтон и Ботас му донесоа 7-ма титула на Мерцедес

    risteBy riste01/11/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со победата на Луис Хамилтон на трката за ГН на Емилија Ромања на патеката „Имола“ и освоеното второ место на Валтери Ботас, Мерцедес стигна до рекордната седма титула во серија во Ф1 шампионатот.

    Со денешната победа Хамилтон исто така се доближи до освојувањето на својата седма титула, со што ќе го израмни апсолутниот рекорд на Михаел Шумахер.

    На самиот старт Макс Верстапен успеа да го претекна Британецот и застана зад лидерот Валтери Ботас. Но, тоа траеше до првото влегување во боксот, кога возачот на Ред Бул ја загуби позицијата и заврши зад двата пилоти на Мерцедес, но немаше среќаи не ја заврши трката откако имаше проблемсозадната десна гума.

    Хамилтон до крајот немаше проблеми да го задржи првото место и да освои нови бодови. Зад двоецот на Мерцедес на оваа трка застана Даниел Рикиардо кој го искористи излетувањетона Верстапен и обезбеди местона подиумот. Ова беше 93-та победа на Луис Хамилтон во неговата кариера.

    Следна трка на Ф1 календарот е на програмата за две недели, а ќе се вози за ГН на Турција на „Истанбул Парк“.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Валс: Ограничувањето на буџетот не донесе ништо добро

    12/11/2026

    Шолин: Ограничувањата на буџетот влијаат на квалитетот

    10/11/2026

    Абдилахи ќе се врати на патеките

    08/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.