Ракометната репрезентација на Македонија стартуваше со победа во квалификациите за ЕП 2022 ходина и ја оправда фаворитската улога со убедливата победа над Финска со 33:24.
Предводени од нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, избраниците на селекторот Данило Брестовац остварија резултат кој го посакуваа на отварањето на овие квалификации и без многу потрошени сили ќе гостуваат кај Швајцарија.
Средбата почна со многу промашувања во нападот и расположени голмани на двете страни, а сето тоа донесе и малку голови ,но и изедначен резултат, па во 15 минута беше 5:5. Потоа на сцена стапи Кире Лазаров кој со четири погодоци (три од пенал), и донесе предност од 10:5 на нашшата репрезентација.
Високата разлика Македонија ја задржа и до крајот на првиот дел (16:-10), а во вториот дел искуството го направи своето, па и покрај бројните ротациите, нашиот национален тим ја одржуваше предноста, за во последните десет минути на теренот минутажа добија и останатите млади играчи кои успеаа да дојдат и до највисоките 33:23,за во финишот Финска постигне голза конечни 33:24.
Најдобар во нашата репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров кој постигна 11 гола од 14 обиди, а го следеше Филип Кузмановски со шест гола. Пешевски и Маџовски беа стрелци по четири пати. Кај Финците, Гранлунд даде десет гола.
Следниот натпревар за Македонија ќе биде за само три дена, кога гостуваат кај Швајцарија во Шафхаузен.

