Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Рутинска победа на Македонија против Финска
    Ракомет

    Рутинска победа на Македонија против Финска

    risteBy riste04/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометната репрезентација на Македонија стартуваше со победа во квалификациите за ЕП 2022 ходина и ја оправда фаворитската улога со убедливата победа над Финска со 33:24.

    Предводени од нашиот најдобар ракометар Кирил Лазаров, избраниците на селекторот Данило Брестовац остварија резултат кој го посакуваа на отварањето на овие квалификации и без многу потрошени сили ќе гостуваат кај Швајцарија.

    Средбата почна со многу промашувања во нападот и расположени голмани на двете страни, а сето тоа донесе и малку голови ,но и изедначен резултат, па во 15 минута беше 5:5. Потоа на сцена стапи Кире Лазаров кој со четири погодоци (три од пенал), и донесе предност од 10:5 на нашшата репрезентација.

    Високата разлика Македонија ја задржа и до крајот на првиот дел (16:-10), а во вториот дел искуството го направи своето, па и покрај бројните ротациите, нашиот национален тим ја одржуваше предноста, за во последните десет минути на теренот минутажа добија и останатите млади играчи кои успеаа да дојдат и до највисоките 33:23,за во финишот Финска постигне голза конечни 33:24.

    Најдобар во нашата репрезентација беше капитенот Кирил Лазаров кој постигна  11 гола од 14 обиди, а го следеше Филип Кузмановски со шест гола. Пешевски и Маџовски беа стрелци по четири пати. Кај Финците, Гранлунд даде десет гола.

    Следниот натпревар за Македонија ќе биде за само три дена, кога гостуваат кај Швајцарија во Шафхаузен.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.