Од РК Еурофарм Пелистер преку соопштение потврдија дека дуелот со Кадетен Шафхаузен во рамките на Европската ракометна лига ќе се игра во планираниот термин, односно на 17.ноември во 18.45 часот во Битола.
„Натпреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен редовно ќе се одигра на 17 ноември Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи. РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра. Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија“ се вели во сооптштението на Еурофарм Пелистер.
Од страна на ЕХФ веќе се делегирани и судиите кои ќе ја судат оваа средба , а тоа се руските судии Николај Володков и Евгениј Зотин, додека делегат ќе биде Камер Металари од Македонија.

