Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Еурофарм Пелистер потврди дека мечот со Шафхаузен ќе се игра
    Ракомет

    Еурофарм Пелистер потврди дека мечот со Шафхаузен ќе се игра

    risteBy riste13/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Од РК Еурофарм Пелистер преку соопштение потврдија дека дуелот со Кадетен Шафхаузен во рамките на Европската ракометна лига ќе се игра во планираниот термин, односно на 17.ноември во 18.45 часот во Битола.

    „Натпреварот Еурофарм Пелистер – Кадетен Шафхаузен редовно ќе се одигра на 17 ноември Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека натпреварот од третото коло на групата Д на Лига Европа меѓу нашиот клуб и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија ќе се одигра редовно во вторник на 17 ноември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола без присуство на гледачи. РК Еурофарм Пелистер навремено ја извести Европската ракометна федерација за позитивни случаи на коронавирус во екипата, стручниот и медицинскиот тим, како и за заразеност на сите голмани во екипата, пријавени за европските натпревари. По неколкудневна консултација клубот ја прифати препораката на ЕХФ натпреварот редовно да се одигра. Веќе неколку од заразените ракометари ќе излезат од изолација и ќе им се приклучат на останатите кои со денови тренираат со Жељко Бабиќ во Битола. Останатите, посебно оние асимптотамтски случаи тренираа индивидуално во своите домови. И покрај краткиот период за заеднички тренинзи, Еурофарм Пелистер подготвен ќе го дочека натпреварот против првакот на Швајцарија“ се вели во сооптштението на Еурофарм Пелистер.

    Од страна на ЕХФ веќе се делегирани и судиите кои ќе ја судат оваа средба , а тоа се руските судии Николај Володков и Евгениј Зотин, додека делегат  ќе биде Камер Металари од Македонија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.