Искусниот шпански центар, Марк Гасол, потпиша двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс.
НБА шампионот со Торонто Репторс имаше понуда да се врати во франшизата од Канада, но тој ја прифати понудата на актуелниот шампион од Калифорнија.
Лејкерси направија неколку одлични потези оваа есен, а Гасол е во таа група бидејќи се уште е меѓу најдобрите високи играчи во лигата.
Факт е дека Марк ја немаше најдобрата сезона зад себе, но ќе биде исклучително значаен за Лејкерс во битката за нов шампионски наслов. Покрај Гасол, Лејкерси уште од почетокот на преодниот рок ги доведоа Денис Шредер, Весли Метјус и Монтрес Ерел. Исто така го продолжија договорот и со Калдвел-Поуп и на хартија следната сезона ќе имаат многу посилен тим.

