Мерките против КОВИД-19 ќе ги зголемат трошоците за Олимписките игри во Токио за околу 960 милиони долари, соопштија организаторите.
Јапонските медиуми објавија дека вкупната сума за Токио 2020 е зголемена за 1,9 милијарди долари иако претходно имаше информација дека буџетот ќе биде околу 12,6 милијарди долари.
Интернационалниот олимписки комитет, пак, процени дека одлагањето на Игрите за една година поради пандемијата со корона-вирусот, ќе извлече од касата најмалку 800 милиони долари за да се покријат дополнителните трошоци.

