32-годишната ѕвезда на Хјустон Рокетс, Расел Вестбрук, ќе ја продолжи кариерата во Вашингтон Визардс. Како што потврдија извори од лигата, размената е договорена, а во спротивна насока од Вашингтон во Хјустон се сели 30-годишниот Џон Вол.
Исто така, Хјустон ќе добие право на избор во првиот круг на НБА драфтот во 2023 година.
Вол не одигра меч од 26 декември 2018 година поради повреда на петицата и скината Ахилова тетива. Триесетгодишниот поентер треба да добие 132,9 милиони долари во следните три сезони. Во однос на годишната плата, Вол е четврти најплатен играч во НБА, зад Стивен Кари, Крис Пол и Расел Вестбрук. Неговиот договор се сметаше за практично незаменлив.

