Натпреварите од Светскиот куп во нордиско скијање што треба да одржат во шведското одморалиште Улрикем во јануари, се пролонгирани за февруари поради пандемијата со Ковид-19.
Новите термини се 6 и 7 февруари или само една недела откако ќе започне сезоната во Фалун на 30/31 јануари. Тоа значи дека сите учесници во дисциплините во Фалун нема да ја напуштат Шведска и ќе заминат за Улрикем.
Трките, пак, во крос-кантри, ќе бидат реализирани догодина на 23/24 јануари во Лахти (Финска), соопшти ФИС.

