Гласините околу можното заминување на најдобриот кошаркар на Хјустон, Џејмс Харден не застануваат. Во САД од неодамна се шпекулира дека две екипи на Источната конференција, Милвоки Бакс и Мајами Хит, се натпреваруваат за кошаркарот.
Порталот „Есенцијал Спортс“ забележува дека тимот од Висконсин кој стои има предност во трката со Мајами може да му понуди на Хјустон еден од лидерите на тимот Крис Мидлтон во замена за Харден, а згора на тоа да ги додаде и надежниот Донте Девинченцо, како и Д.J. Вилсон.
Што се однесува до Мајами, се зборува дека тие за Харден можат да ги понудат Тајлер Хиро и Кендрик Нан, како и Кели Олиник и најискусниот Андре Игуодала.
