Макс Верстапен со болидот на Ред Бул ќе стартува од пол позицијата во последната трка оваа сезона, за ГН на Абу Даби. Верстапен успеа да ги заврши квалификациите на првото место пред пред ривалите од Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Верстапен имаше најбрзо време од 1:35.246, што беше за 25 десетинки побрзо од Финецот, а 86 од шампионот Хамилтон. Формата на Хамилтон очигледно е опадната по изолацијата поради коронавирусот, што гарантира утре да имаме интересна и возбудлива трка.
Во квалификациите понатаму следуваа Ландо Норис од Мекларен, додека Алекс Албон од Ред Бул уште еднаш покажа дека може да биде исклучително брз на петтото место. Во топ десет уште се пласираа Карлос Саинц, Данил Квјат, Ленс Строл, Шарл Леклер и Пјер Гасли.
Последната трка од шампионатот на патеката „Јас Марин“ стартува утре (недела) од 14:10 часот.

