Британскиот возач во Формула 1, Луис Хамилтон, кој ја доби борбата со Ковид-19 вели дека вирусот оставил сериозни последици по неговото здравје.
„Ковид-19 не е шега бидејќи има луѓе кои го губат животот поради вирусот. Не се чувствувам добро, но, среќен сум што сум жив“ – изјави седумкратниот светски шампион во Формула 1 кој најави дека ќе остане во Мерцедес.
„Планирам да бидам тука, се надевам дека набрзо ќе започнат преговорите и дека ќе потпишеме договор пред Божиќ“ – нагласи Хамилтон.

