Луис Хамилтон беше прогласен за „Спортист на годината на Велика Британија“ во изборот на ББЦ. Пилотот на Мерцедес по седми пат стана шампион во Формула 1 и го израмни рекордот на германската легенда Михаел Шумахер.
35-годишниот Хамилтон го победи во традиционалниот годишен избор на ББЦ капитенот на Ливерпул и англиски фудбалски репрезентативец Џордан Хендерсон кој беше втор.
Ова за него е втора ваква награда, откако првата ја доби во 2014 година.

