Иако ставен во распоред, натпреварот меѓу Хјустон Рокетс и Оклахома Сити Тандер, кој требаше да се игра синоќа беше одложен. Како што објавија од НБА лигата, после низа настани, „ракетите“ останаа без потребните осум играчи за да го одиграат првиот натпревар во сезоната 2020/21.
Вол, Демаркус Казинс и Кенион Мартин беа играчите кои се собраа во вторникот вечерта во станот на еден од играчите, а подоцна стана јасно дека
Мартин има позитивен резултат на тестот за Ковид-19, што доведе до потрага по контакти, а меѓу нив беше и Џејсон Тејт.
Бен МекКлемор е во изолација неколку дена по позитивниот тест, додека Џејмс Харден е под истрага за потенцијално кршење на здравствените и безбедносните протоколи. „Брадата“ наводно бил во стриптиз-клуб без маска, а медиумите објавија дека летово веќе имал Ковид-19.
Харден, избегна дисквалификација, но лигата гоказни со 50.000 долари поради кршење на протоколите на НБА.
