Ниту 32 поени на Лука Дончиќ не помогнаа Далас да стартува со победа во новата НБА сезона. На гостувањето кај Феникс, момците на Далас загубија со 106:102 иако младиот Словенец имаше извонредна партија. Феникс го имаше Девин Букер кој беше најпродуктивен со 22 поени, додека Бриџис постигна 18.
Сакраменто славеше на гостувањето кај Денвер Нагетс во мечот кој заврши дури по продолженија за конечни 124:122. Денвер водеше во текот на целото прво полувреме, но предноста на домаќините никогаш не надмина осум поени. На средината на третиот период „кралевите“ поведоа, а резултатот беше израмнет повторно на крајот од мечот. Половина минута пред крајот на четвртата четвртина, со две слободни фрлања, Никола Јокиќ го однесе Денвер во продолженија, каде гостите, сепак, успеаја да дојдат до победата.
Во дербито на вечерта Бостон имаше тесна победа над Милвоки со 122:121. Кај домашните Браун со 33 поени ги предводеше Селтикс до победа, а одлично издание имаше и Тејтум кој средбата ја зварши со 30 поени. Кај Милвоки, најмногу поени донесе Адетокунбо, кој имаше и дабл-дабл од 34 поени и 13 скока.

