Рекордерот по освоени титули во историјата на Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, ќе ја добие титулата – сер, најавуваат медиумите од Островот.
Тој набргу ќе ја добие титулата која потекнува од средниот век и со која се именуваат личностите кои имаат врвни достигнувања во нивните бранши на делување.
Само тројца возачи од Формула 1 претходно ја добија титулата „сер“. Тоа се: Џеки Стјуарт, Џек Бребем и Стерлинг Мос.

