Италијанката Софија Гоџа продолжува да доминира во спуст, откако утрово ја обезбеди и четвртата последователна победа во оваа дисциплина. Италијанката денеска беше најбрза во Кран-Монтана со време од 1:27,75 минути.
28-годишната Гоџа, олимписки шампион од Пјонгчанг стигна до нејзина десетта победа во Светскиот куп. Втора беше Лара Гут-Бехрами од Швајцарија со 27 стотинки заостанување, што е нејзино 28 место на подиумот во кариерата, а трета беше Елена Куртони од Италија со 60 стотинки заостанување.
Петра Влхова и натаму е прва во генералниот пласман, а денеска заврши на шестото место.

