Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Денес Македонија против Белорусија за крај на СП во Египет
    Ракомет

    Денес Македонија против Белорусија за крај на СП во Египет

    risteBy riste24/01/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Со натпреварот против Белорусија, нашата ракометна репрезентација ќе го заврши настапот на 27-то СП во ракомет кое се одржува во Египет.

    Убедливите порази од Шведска, Египет, Словенија и Русија не се забораваат така лесно, но Македонија денес ја има последната шанса за со победа да го заврши својот настап на ова СП. Влеговме како резерва за да пополниме место кое беше испразнето по откажувањето на Чешка, но сигурно нашите ракометари по бледите настапи посакуваат да завшат со еден добар натпревар и втора победа на ова СП по онаа против Чиле.

    Целата ракометна јавност во Македонија е свесна дека нашата ракометна делегација во последен момент доби виза за настап на ова СП и можеби тоа е една од причините, но никако не смее да биде оправдување за незалагањето и без борба загубените натпревари.

    Еден добар натпревар денес против Белорусија не може да го поправи вкупниот впечаток за настапот на Македонија во Египет, но може да даде сигнал дека работите можат да одат кон подобро. Со денешниот ривал сме се сретнале само еднаш на големите натпреварувања, на Европското првенство пред пет години и загубивме минимално со 30:29.

    Натпреварот во Каиро, Македонија против Белорусија ќе започне од 15:30 часот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.