Маргарет Нијара која го освои бронзениот олимписки медал на 800 метри на Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година, одлучи да се преориентира на патеката од 200 метри бидејќи ИААФ не и дозволува да учествува на 800 метри за жени поради високото ниво на тестостерон.
Атлетичарката од Кенија во 2019 година доби забрана да се натпреварува откако Светската атлетика донесе ново правило со кое им се забранува на спортистките со висок тестостерон или антигенизам да се натпреваруваат кај жените од 400 до една милја сè додека не започнат да земаат лекови за намалување на високото ниво на тестостерон.
„Се надевам дека ќе можам да освојам повеќе медали на 200 метри . Знам дека нема да биде лесно” – изјави Нијара.

