Кошаркарите на Јута Џез синоќа дојдоа и до 9-тата победа во низа совладувајќи го Њујорк Никс со 108:94 и со тоа дојдоа до 13 победи и само четири порази во досегашниот дел од сезоната. Со тоа се искачија на второто место во Западната конференција, веднаш зад актуелните шампиони, ЛА Лејкерс.
Ројс О’Нил со 20 поени, Мајк Конли (19) и Руди Гобер (18 поени и 19 скока) беа најдобри на теренот кај Јута. Кај гостите добра партија имаше Остин Риверс со 25 поени.
Во второто дерби синоќа Атланта дома ги победи ЛА Клиперс со 108:99. Јанг постигна 38 поени во победата на Хокси, додека Џексон со 20 беше најефикасен кај гостите. Во последниот меч синоќа Хјустон славеше над Вашингтон со 107:88.

