Шефот на Мерцедес во Формула 1, Тото Волф, одговори на гласините дека го користи добриот ефект на Џорџ Расел на трката за Големата награда на Бахреин кога го замени болниот Луис Хамилтон како адут во преговорите со седумкратниот светски шампион.
Британецот во првите денови од јануари го одработи договорот со шампионскиот тим на Мерцедес. Познато е дека преговорите за продолжување на соработката се водат повеќе од половина година.
„Не е точно дека го користам името на Расел, нема такво нешто. Двајцата сакаме да продолжиме да работиме заедно и прашање на време е кога ќе ги финализираме преговорите. Тоа ќе се случи набрзо“ -потенцираше Австриецот.
