Вториот супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање, кој требаше да се одржи денес во Гармиш-Партенкирхен (Германија), е одложен за утре.
Причината за ваквата одлука на организаторите е густата магла што се спушти по целата должина на патеката „Кандахар 1“ и невозможноста за безбедно одржување на трката. Првично, стартот беше одложен за 2,5 часа, но и тоа не беше доволно за подигнување на маглата и така трката ќе се одржи утре (1 февруари) во 10:50 часот.
Победничка на вчерашниот прв супервелеслалом во на „Кандахар 1“ беше Лара Гут-Бехрами (Швајцарија), која ја забележа третата последователна победа во оваа дисциплина за време на оваа сезона од Светското првенство. Утрешното натпреварување ќе биде последно за дамите пред Светското првенство во алпско скијање во Кортина Д’Ампецо (Италија) од 8 до 21 февруари.

