Меѓународната федерација за бијатлон (IBF) објави дека сезоната во Светскиот куп нема да заврши во Холменколен поради новите ограничувања воведени во Скандинавија за време на пандемијата со КОВИД-19. Трките во Норвешка кои требаше да се одржат од 18 до 21 март ќе бидат преместени во друг зимски центар кој дополнително ќе биде објавен.
„Внимателно да ја следиме состојбата со пандемијата. Разочарани сме што втора година по ред нашите спортисти нема да можат да се натпреваруваат во Холменколен, но, ние целосно ја почитуваме одлуката на локалните власти“ – стои во сооштението на „IBF“ на профилот на Твитер.
Како можни локации за крајот на сезоната се наметнуваат зимските центри во Естерсунд (Шведска) и Рухполдинг (Германија).

