Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Металург со млади сили на гостувањето во Полска
    Ракомет

    Металург со млади сили на гостувањето во Полска

    risteBy riste14/02/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ракометарите на Металург без голем резултатски императив и со скоро цел младински тим отпатуваа во Полска и вечерва ќе го одигра првиот од двата натпревари во Европската лига против Висла Плок. Тренерот Оливер Димитриоски немаше доволно ракометари за да го пополни протоколот, па ќе мора да смета на млади ракометари.

    „Познато е дека за оваа средба сме некомплетни, знаете каква ни е целата ситуација.
    Во Плок дојдовме со три поискусни играчи и речиси со младинската екипа. Очекуваме да одиграат многу подобро отколку со Чеховски Медведи. Очекувам да видам борба, желба за топка, желба за надигрување. Резултатот како резултат воопшто не ни е во преден план. Овие натпревари и целата ситуација од една страна можеби е хендикеп, но од друга е шанса плус за младите играчи. Ова го кажувам од аспект што овие млади играчи не собираа искуство во Суперлига за да играат во Лига Европа, туку собираат искуство во Лига Европа за да играат во Суперлига“, изјави Димитриоски пред вечерашниот натпревар.

    Првиот дуел во Полска, Металург официјално е домаѓин и се игра од 20.45 часот, а во вторник од 18:45 часот повторно ќе се соочат со истиот противник на теренот на противникот.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.