Ракометарите на Металург без голем резултатски императив и со скоро цел младински тим отпатуваа во Полска и вечерва ќе го одигра првиот од двата натпревари во Европската лига против Висла Плок. Тренерот Оливер Димитриоски немаше доволно ракометари за да го пополни протоколот, па ќе мора да смета на млади ракометари.
„Познато е дека за оваа средба сме некомплетни, знаете каква ни е целата ситуација.
Во Плок дојдовме со три поискусни играчи и речиси со младинската екипа. Очекуваме да одиграат многу подобро отколку со Чеховски Медведи. Очекувам да видам борба, желба за топка, желба за надигрување. Резултатот како резултат воопшто не ни е во преден план. Овие натпревари и целата ситуација од една страна можеби е хендикеп, но од друга е шанса плус за младите играчи. Ова го кажувам од аспект што овие млади играчи не собираа искуство во Суперлига за да играат во Лига Европа, туку собираат искуство во Лига Европа за да играат во Суперлига“, изјави Димитриоски пред вечерашниот натпревар.
Првиот дуел во Полска, Металург официјално е домаѓин и се игра од 20.45 часот, а во вторник од 18:45 часот повторно ќе се соочат со истиот противник на теренот на противникот.

