Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Перм
    Кошарка

    Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Перм

    risteBy riste16/02/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    По одморот од долготото патување, нашата најдобра кошаркарска репрезентација утрово го одработи и првиот тренинг во Перм.

    Селекторот Александар Тодоров во салата каде ќе се игра турирот, Арената „Mолот“, ги имаше на располагање сите 15 играчи на кои смета за четирите натпревари. За прв пат од почетокот на подготовките, заедно со другиот дел од тимот тренираа Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски кои последни се приклучија на репрезентацијата.

    „Засилување“ има и во стручниот штаб. На тренинг е и Никола Василев, кој поради професионалните обврски со својот клуб во Литванија се приклучува од денеска во работата со националниот тим. Освен овој, на првиот ден од престојот во Перм, „црвено-жолтите“ ќе одработат уште еден тренинг и тоа од 15.45 до 17.15 часот по македонско време.

    Пред Македонија се четири натпревари во овој така наречен „балон“. За два дена прв ривал ќе биде Италија, а веќе следниот ден Македонија игра со Русија. Потоа следува дводневна пауза, па на 21 февруари ќе играат повторно против Италија и на крајот, ден подоцна со Естонија.

    Македонија во моментов е последна во групата Б за пласман на Европското првенство, со два порази, но досега има најмалку одиграни натпревари во споредба со противниците. Во Перм целта е да се извлече што е можно подобар резултат и да се достигне Естонија за пласман на ЕП.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.