Алис Робинсон од Нов Зеланд победи на веле-слаломот во Ленцерхајде на затворањето на сезоната во Светскиот куп во алпско скијање.
Втората позиција ја обезбеди Микаела Шифрин додека трета беше Мета Хроват. Италијанката Марта Басино која го освои малиот кристален глобус заврши како седма додека освојувачката на Големиот кристален глобус, Петра Влхова беше 11-та.
Швајцарката Лара Гут Бехрами се откажа на самиот старт и тоа поради протест откако Светската скијачка федерација ги откажа трките во спуст и во супер-велеслалом со што таа и Марк Одермат останаа без шансите да ги престигнат Петра Влхова и Алексис Пинторо во генералното рангирање.

