Јапонскиот премиер Јошихиде Суга потврдил дека нема да присуствува на церемонијата на тргнувањето на штафетата со олимпискиот пламен за Игрите во Токио, која е закажана за 25 март во префектурата Фукушима.
„Со оглед на распоредот и моето задолжително присуство во парламентот, решив да одбијам да присуствувам на церемонијата“, рече Суга.
Наместо Суга, на церемонијата ќе присуствуваат Сеико Хашимото, шеф на Олимпискиот организациски комитет и министерот Тамаг Марукава, кој е одговорен за Олимписките и параолимписките игри.

