Денеска во седиштето на ЕХФ во Виена, беа формирани полу-финалните двојки за премиерното издание на Европската ракометна лига.
Полскиот состав Висла Плок кој е единствен што доаѓа надвор од Германија, за противник ќе го има Магдебург додека во вториот меч ќе играат бундеслигашите, Рајн Некар Левен и Фуксе Берлин.
Така наречениот Ф4 турнир во Лигата на Европа ќе биде одигран од 22 до 23 мај во германскиот град Манхајм.

