Бостон Селтикс ќе биде значително ослабен до крајот на сезоната. Тимот од Масачусетс остана без еден од своите главни кошаркари, Џејлен Браун. Тој ќе мора да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на левиот зглоб.
Како што се наведува, вчерашните медицински прегледи покажале дека Браун го скинал лигаментот, па затоа ќе биде потребно подолго закрепнување.
Браун сезонава има просек од 24,7 поени, 6 скока и 3,4 асистенции по натпревар, и ова е неговата најдобра сезона во кариерата.

