Словенечкиот ски-скокач Јернеј Дамјан, објави дека ја завршува својата спортска кариера по 15 години активно натпреварување во Светскиот куп.
„Време е да се збогуваме со летањето. Скокањето е најважната работа во мојот живот скоро 28 години. Сепак, моето тело сега ми кажува дека е доволно. Ќе останат одлични спомени. Долги летови, падови, прекрасни моменти. Едно патување заврши, време е да тргнам на друго“, рече Дамјан.
Тој за прв пат се натпреваруваше на СП 2004 година. Оствари две победи, последната во финската Рука во 2017 година. Со репрезентацијата на Словенија стигна до среброто во 2018 година и бронзата во 2012 година на светските шампионати во ски-летови.

