Со одигрувањето на последните натпревари синоќа, заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. По 6 тимови од двете конференции веќе обезбедија место во плеј-офот, додека оние од 7. до 10. место ќе играат во т.н. плеј-ин.
Единствена непозната пред вчерашните последни мечеви беше судбината на Лејкерс, дали ќе се пласираат директно во плеј-офот, или ќе треба тоа да го направат прелку меч од плеј-ин. Тие го победија Њу Орлеанс со 110-98, но Портланд го доби својот дуел со Денвер со 132:116, па ја одбрани позицијата 6. Лејкерс остана на седмото место и ќе игра плеј-ин против Голден стејт.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк – Бостон 96:92
Торонто – Индијана 113:125
Вашингтон – Шарлот 115:110
Сан Антонио – Феникс 121:123
Голден Стејт – Мемфис 113:101
Атланта – Хјустон 124:95
Бруклин – Кливленд 123:109
Филаделфија – Орландо 128:117
Детроит – Мајами 107:120
Чикаго – Милвоки 118:112
Минесота – Далас 136:121
Њу Орлеанс – ЛА Лејкерс 98:110
Оклахома – ЛА Клиперс 117:112
Портланд – Денвер 132:116
Сакраменто – Јута 99:121
ПЛЕЈ-ОФ:
Исток
Филаделфија (1) – квалификант
Бруклин (2) – квалификант
Милвоки (3) – Мајами (6)
Њујорк (4) – Атланта (5)
Запад
Јута (1) – квалификант
Феникс (2) – квалификант
Денвер (3) – Портланд (6)
ЛА Клиперс (4) – Далас (5)
Дополнителни квалификации (плеј-ин)
(17 – 21 мај)
Исток
Бостон (7) – Вашингтон (8)
Индијана (9) – Шарлот (10)
Запад
ЛА Лејкерс (7) – Голден Стејт (8)
Мемфис (8) – Сан Антонио (10)

