Кошаркарите на Бостон се првиот тим кој успешно го мина плеј-ин делот во НБА лигата и обезбеди пласман во плеј-офот. Синоќа Селтикс славеа дома над Вашингтон со 118:100 и изборија место во плеј-офот каде ги чека дуел со Бруклин Нетс.
Вашингтон ќе имаат шанса да се борат за плеј-офот со Индијана Пејсерс, која уште поубедливо го совлада Шарлот Хорнетс со 144:117. Вашингтон и Индијана во клучниот меч за плеј-оф ќе се сретнат ноќта меѓу четврток и петок.

