Конечно добри квалификации за Ф1 тимот на Ферари пред трката за ГН на Монако, затоа што италијанскиот тим ќе има болид од првата позиција за првпат по повеќе од една година.
Чарлс Леклерк го освои првото место и донесе за Ферари прва пол-позиција од 2019 година, поточно последен пат пол-позиција Ферари имаше за ГН на Мексико. И покрај тоа што имаше оштетување на болидот, Леклерк успеа да го задржи лидерското место, а зад себе ги остави Макс Верстапен од Ред Бул и Валтери Ботас од Мерцедес кој имаше третто најдобро време.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес ќе тргне од седмата позиција затоа што денес немаше добри квалификации.
Трката за ГН на Монако низ улиците на Монте Карло ќе се вози утре (недела) со почеток од 15:00 часот.


