Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Официјално: Веселин Вујовиќ е нов тренер на РК Вардар
    Ракомет

    Официјално: Веселин Вујовиќ е нов тренер на РК Вардар

    risteBy riste04/06/2021No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    РК Вардар 1961 денес го промовираше својот нов тренер, добро познато има на македонската ракометна јавност. Црногорскиот стратег Веселин Вујовиќ и официјално седнува на клупата на Вардар и ќе го наследи Стевче Алушовски, а амбициите ќе останат исти како и оваа сезона.

    „Ова е моја трета етапа во Вардар, се надевам дека ќе биде успешна. Од моето заминување од Вардар, до враќањето, се случија сјајни работи. Мојот однос кон Вардар никогаш не се смени. Во меѓувреме, Вардар двапати беше европски првак, што е нешто незамисливо на овие балкански простори и направен е фантастичен резултат. Вардар е бренд во Европа, сите го знаат. Благодарен сум и чест ми е што Михајло одлучи пак јас да бидам тренер. Кога го имавме првиот контакт, кажа дека размислува и тој и јас за овој ангажман. Јасно ми е дека Вардар не е како претходно, но сметам дека е предизвик за мене како тренер, да направиме еден микс во тимот и да ги оствариме целите. Целите на екипата се секогаш повисоки, а јас како тренер сакам да остварам повеќе од што е зацртано. Ќе ги гледам и младинските тимови, како и македонските репрезентативци, да им кажам што очекувам со нив Сметам дека не треба да се носат странци ако има домашни играчи на кои треба да им се даде шанса. Се надевам дека салата наскоро ќе биде полна и ќе се ужива во Вардар. Сигурен сум дека сите се свесни за ситуацијата, Вардар можеше да го нема. Михајло Михајловски го спаси клубот. Мојата врска со Македонија и со Вардар е голема, едвај чекам да стартувам со подготовките“, изјави Вујовиќ.

    Веселин Вуковиќ најави дека во моментов преговара за тоа со кого ќе соработува во стручниот штаб, посакува Алушовски да остане во неговиот стручен штаб доколку тој тоа го сака, но најави и ангажирање на тренер на голманите.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.