Мароканскиот атлетичар, Јусеф Сбај, кој во октомври постави рекорд на трката во Софија во соседна Бугарија, доби забрана за настап во период од четири години откако е утврдено дека користел допинг, потврди денеска АИУ.
„Дисциплинскиот трибунал ги суспендираше правата на атлетичарот за четири години поради присуство и употреба на забранета супстанца како и за кршење на правилата за анти-допинг“, стои во објавата на –„Твитер“.
Организацијата соопшти дека казната започнува од 16 ноември и дека сите резултати на Сбај од 11 октомври се поништени. Мароканскиот атлетичар има рок од 30 дена да се жали до Арбитражниот суд за спорт.

