Македонскиот ракометен шампион Вардар немаше многу проблеми во првиот од двата осминафинални натпревари со Металопластика во СЕХА лигата. Вардар веќе со едно нога е во четвртфиналето во СЕХА лигата, затоа што во првата осминафинална пресметка со Металопластика одиграна денес славеше со 39:31.
Со оваа победа Вардар влегува со голема предност пред утрешниот втор меч кој исто така ќе се игра во Скопје. Српскиот тим добро го почна натпреварот и водеше со 7:4. Но потоа следуваше добра серија на Врадар кој израмни на 10:10, а подоцна дојде до предност која не ја испушти до крајот на натпреварот. На одмор се замина со предност на Вардар од 19:14, а на крајот таа предност беше +8 односно 39:31.
Хрватскиот среден бек, кој следната сезона ќе ги брани боите на Лајпциг, Ловро Јотиќ со десет гола беше најпрецизен во екипата на Вардар, додека седум погодоци имаше Тимур Дибиров. Вардар утре ќе го одигра и вториот дуел со Металопластика по што ќе ја заврши сезоната, а следниот предизвик би било четвртфиналето во СЕХА лигата каде ќе се сретне со ППД Загреб.

