Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Вардар лесно против Металопластика, веќе на чекор до четвртфинале на СЕХА лига
    Ракомет

    Вардар лесно против Металопластика, веќе на чекор до четвртфинале на СЕХА лига

    risteBy riste07/06/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Македонскиот ракометен шампион Вардар немаше многу проблеми во првиот од двата осминафинални натпревари со Металопластика во СЕХА лигата. Вардар веќе со едно нога е во четвртфиналето во СЕХА лигата, затоа што во првата осминафинална пресметка со Металопластика одиграна денес славеше со 39:31. 

    Со оваа победа Вардар влегува со голема предност пред утрешниот втор меч кој исто така ќе се игра во Скопје. Српскиот тим добро го почна натпреварот и водеше со 7:4. Но потоа следуваше добра серија на Врадар кој израмни на 10:10, а подоцна дојде до предност која не ја испушти до крајот на натпреварот. На одмор се замина со предност на Вардар од 19:14, а на крајот таа предност беше +8 односно 39:31.

    Хрватскиот среден бек, кој следната сезона ќе ги брани боите на Лајпциг, Ловро Јотиќ со десет гола беше најпрецизен во екипата на Вардар, додека седум погодоци имаше Тимур Дибиров. Вардар утре ќе го одигра и вториот дуел со Металопластика по што ќе ја заврши сезоната, а следниот предизвик би било четвртфиналето во СЕХА лигата каде ќе се сретне со ППД Загреб.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.