Абдалела Харун, освојувач на бронзениот медал на 400 метри од Светското атлетско првенство во Лондон во 2017 година, загина во сообраќајна несреќа.
Тажната вест ја објави Олимпискиот комитет на Катар. Несреќата се случила ноќта помеѓу петокот и саботата. Исходот за жал беше кобен за 24-годишното момче, родено во Судан.
За време на неговата голема кариера, тој освои сребро на Светското првенство во сала 2016 година. Тој исто така беше светски шампион во јуниорска конкуренција од Бидгошч во 2016 година.

