Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес ќе ја започне трката за Големата награда на Холандија од пол-позицијата, откако постави рекорд на патеката во Асен и сосема заслужено ги доби квалификациите. Шпанецот ќе започне во недела пред неговиот колега од тимот, Фабио Квартараро.
Квалификациите беа обележани со борба меѓу возачите на Јамаха. Шпанецот трката ќе ја започне од првата позиција по 24-ти пат во кариерата, 13-та во кралската класа. Тоа ќе биде неговиот прв пол оваа сезона.

