Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ќе стартува од првата позиција на трката за Големата награда на Австрија, која е на програмата во недела од 15 часот на патеката Ред Бул.
Холанѓанецот стигна до вториот последователен пол, и третиот во сезоната откако го постигна најдоброто време во квалификациите.
Лидерот во генералниот пласман зад себе ги остави ривалите од Мерцедес, Валтери Ботас (+0.194) и Луис Хамилтон (+0.226).

