Холанѓанецот, Макс Верстапен, доминантен на патеката –„Сиверстон“ и успеа да победи на првата историска спринт-трка во рамките на шампионатот во Формула 1.
Tрката која е новитет, ги замени стандардните квалификациите и ќе биде користена уште два пати до крајот на сезоната. Таа ќе се вози во Монца и во Бразил. Што се однесува до денешните активности, возачот на Ред Бул откако го помина Луис Хамилтон без проблеми го задржа првото место во сите 17 кругови и си ја обезбеди пол-позиција за утрешната главна трка за Големата награда на Велика Британија.
Место во првата десетка ќе имаат и Ботас, Леклер, Норис, Рикардо, Алонсо, Фетел, Расел и Окон.