Холанѓанецот, Макс Верстапен, со болидот на Ред Бул стигна до пол-позицијата за утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена за Големата награда на Белгија.
Британецот, Џорџ Расел од екипата на Вилијамс го освои второто место на денешните квалификации додека неговиот сонародник во Мерцедсе, Луис Хамилтон, имаше трето време.Натаму во Топ 10 се се наредија: Рикардо, Фетел, Гасли, Перез, Ботас, Окон и Норис.
Квалификациите беа прекинати во почетокот на третата рунда кога поради силен дожд Норис излета од патека и со брзина од 300 километри на час удри во заштитната ограда. Тој свесен го напушти болидот и влезе во болничкото возило.

